fbpx

Полицијата откри насад со марихуана во Драчево, притворен скопјанец

-

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје поднела кривичина пријава против 25-годишшниот Д.Г. од Скопје, осомничен дека во околината на населбата Драчево насадил и одгледувал марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, осомничениот семето од растението канабис сатива го набавил во текот на оваа година, а стеблата ги одгледувал во пластеник во месноста Песовци во Драчево и ги наводнувал преку систем „капка по капка“.

По наредба од судија на претходна постапка, полициски екипи во понеделникот оваа недела, извршиле претрес на парцелата, која осомничениот ја зел под наем, и во еден од пластениците откриле 135 стебла канабис статива, со височина од 130 до 215 сантиметри.

Против Д.Г. е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Од МВР информираат дека заплената е дел од пошироката акција на полицијата, со оперативно име „Мрежа“, во која, според министерството, досега се поднесени кривични пријави против 195 лица, а запленети се повеќе од 540 килограми различни видови дрога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...