fbpx

Полицијата откри 39 мигранти во четири различни случаи

-

Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи на нелегален транспорт на мигранти, поднесе кривични пријави против пет лица, од кои двајца се грчки државјани, а притоа откриени се 39 лица илегални мигранти, од кои 22 од Авганистан, 14 лица од Сирија, едно лице од Судан и едно лице од Палестина. Меѓу илегалните мигранти четири лица се малолетни, од кои две се тригодишни деца, а другите се на возраст од 16 до 45 години. Тие се префрлени во Прифатниот центар за странци.

Како што соопшти МВР, во првиот случај реализиран вчеравечер, околу 22.30 часот, од страна на униформирани полициски службеници кај тунелите кај Демир Капија, во правец Гевгелија – Скопје, направен е обид да се запре товарно моторно возило, марка „волво“, со велешки регистарски таблички, управувано од А.Р. (42) од Скопје. Но, на дадениот знак возилото не застанало, туку ја зголемило брзината. Сепак, по кратко време, на стариот пат Демир Капија – Неготино, било запрено. Во возилото откриени се 15 илегални мигранти на возраст од 16 до 22 години, сите од Авганистан, кои оствариле илегален влез во Република Македонија од Грција, во близина на граничниот премин Богородица, со намера да преминат во Србија, а од таму во земјите на ЕУ.

Во вториот случај, исто така реализиран во текот на вчерашниот ден и во кој кривична пријава за сторено кривично дело илегален транспорт на мигранти е поднесена против двајца грчки државјани М.Ш. (20) и Ј.К. (58), откриени се шест илегални мигранти, сите од Авганистан, меѓу кои и тригодишно девојче. Од страна на униформирани полициски службеници, кај Смоквица во правец Гевгелија – Скопје, даден е знак за запирање на патничко моторно возило, марка „опел корса“, со грчки регистарски таблички, меѓутоа по дадениот знак, возачот на наведеното возило ја зголемил брзината и истото продолжило да се движи во правец Неготино – Скопје. Веднаш по него е забележано и патничко моторно возило, марка „алфа ромео“ со сребрена боја и со грчки регистарски таблички. Од страна на полициски службеници, забележано е дека во двете возила се превезуваат поголем број патници и се упатиле по наведените возила, кои не запирале туку продолжиле да се движат со голема брзина. Возилото „алфа ромео“ се исклучило кај село Марвинци, а „опел корсата“ продолжила во правец кон Велес. На наплатната рампа Градско, од страна на полициски службеници „корсата“ е запрена и е утвдено дека со возилото управува лицето М.Ш., а во него биле шестмина илегални мигранти.
Подоцна кај месноста Маркова чешма било забележано и запрено возилото „алфа ромео“, кое било управувано од Ј.К.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Во третиот случај, од страна на униформирани полициски службеници, кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија – Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на патничко моторно возило марка „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблички, меѓутоа возилото наместо да застане продолжило со зголемена брзина да се движи во правец кон Неготино. За настанот биле известени полициските службеници од Регионалниот центар за граничен реон Југ, кои биле кај клучката на влезот на Неготино, меѓутоа кога возачот ги забележал нив, нагло застанал на околу 500 метри пред клучката за Неготино, излегол од возилото, ја прескокнал заштитната ограда помеѓу двете ленти на автопатот и продолжил да бега кон Неготино. Тој набргу е фатен во кругот на приватната фирма „Роте“.

При проверката утврдено е дека возилото го управувало лицето Ш.Р. (23) и во него превезувал петмина илегални мигранти, сите од Сирија. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Во четвртиот случај, кривично е пријавен Б.А. (28) од Скопје. Кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија – Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на патничко моторно возило марка „џип чероки“ со скопски регистарски таблички, управуван од пријавениот, меѓутоа тој и по дадениот знак, не застанал туку ја зголемил брзината и продолжил да се движи во правец кон Скопје. Полициските службеници продолжиле да го следат „џипот“, кој набргу бил престигнат и запрен. Во возилото се откриени 12 лица илегални мигранти, од кои девет лица од Сирија и по едно лице од Авганистан, Палестина и од Судан.
Од страна на судија за претходна постапка, на Б.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...