fbpx

Полицијата не дозволи „блиска средба“ меѓу двете групи демонстранти

-

Голем број полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици беа поставени кај Соборниот храм во центарот на Скопје за да спречат можен судир помеѓу демонстрантите на „Протестирам“ и поддржувачите на ГДОМ.

Откако заврши протестот пред Владата, демонстрантите од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија по булеварот Климент Охридски, каде беа спречени од полицискиот кордон бидејќи по булеварот Партизански одреди поддржувачите на ГДОМ се движеа кон автобусите со кои дојдоа од другите градови.

Граѓаните им довикуваа „Каде ви се сендвичите“, Одете си во автобусите“, „Никола на робија“ и „Оставка“.

Немаше инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, но имаше силни негодувања заради автобусите со поддржувачите на ГДОМ кои го напуштаа Скопје.

По кратко време тие си заминаа, а ситуацијата во центарот на Скопје е мирна.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...