fbpx

Полицијата и демонстрантите во Албанија се судрија поради изборот на јавен обвинител

-

Албанската полиција се судри со приврзаниците на опозицијата кои се обидоа на сила да влезат во парламентот и да го спречат изборот на привремениот државен обвинител.

Пред зградата на парламентот се собраа околу три илјади демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, при што фрлале димни бомби. Според локалните медиуми има и повредени.

Пратениците од опозицијата фрлале димни бомби во самата зграда на парламентот, но привремениот обвинител, Арта Марку сепак е избранa и положи заклетва.

Корупцијата во правосудството ги загрозува демократските процеси во земјата. Реформата во правосудството беше усвоена минатата година, а требаше да осигура независност на судиите и обвинителите.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година, а од 2014 година има статус на кандидатка за членка на ЕУ, а следната година би требало да ги почне претпристапните преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...