fbpx

Полицијата ги лови демонстрантите и „парадира“ по Партизанска

-

Полицијата ги растури демонстрантите пред Владата, кои претходно тргнаа кон булеварот Партизански одреди, каде во моментов се движат само полицајците, а граѓани од страна подбивно ракоплескаат и им довикуваат „Убијци“ и „Срамота“.

Групата демонстранти која се движеше по булеварот и по помалите улички, сега се растури, а полицијата ги повлече водените топови, но затоа донесе полициски кучиња.

Претходно на насилството на полицијата, демонстрантите одговараа со фрлање камења, стаклени шишиња и со палење контејнери, а полицијата употребуваше сила и ги приведуваше.

Приведени се неколкумина, од кои еден е член на граѓанското движење „Ленка“.

Некои медиуми јавуваат и дека има потешко и полесно повредени.

Демонстрантите се обидуваа со седење да дадат некаков отпор, но полицајците ги креваа и го расчистија платото и коловозот пред Владата.

Водените топови се зад полицискиот кордон, кој ги потиснува демонстрантите чиј број е значително намален.

Неколку часа голема група граѓани, револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, протестираа пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо – има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“.

Дојде и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнаа да удираат по штитовите.

Во меѓувреме, дојде и до посериозни судири со полицијата, која со штитовите ги туркаше демонстрантите што во бранови се обидуваа да ја потиснат кон Владата.

Демонстрантите ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата и фрлаа со јајца, јаболки и со балони со вода кон објектот, при што искршија два прозорци на приземјето.

На почетокот демонстрантите за момент го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Во групата која се обиде да влезе во зградата беа и мајката и братот на Нешковски.

На протестот се приклучија и пленумците.

Се појавија и групи со албанско знаме. Тие го врзаа албанското со македонското знаме.

На протестот се пуштаа и аудиоснимките од денешната „бомба“ посветена токму на убиството на Мартин Нешковски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...