fbpx

Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

-

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници.

Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем број комбиња, автомобили, но и полициски возила помеѓу нив.

– Во вреќите има доверлив материјал кој треба комисијата на ДИК да го провери. Тие не се отвораат туку се проѕирни и имаат лепенки на кои пишува што содржат внатре. Доколку има приговори, овие доверливи материјали ќе служат како доказ. Избирачкиот материјал ќе биде во Клубот на пратеници си додека ДИК не ги направи сите записници, а потоа ќе се пренесе во нашите магацини. Порано оваа процедура се правеше во големата просторија на ДИК, но сега таа ја користиме како прес-центар и затоа гласачкиот материјал за овие избори се чува во Клуб на пратеници – вели портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гугучевска додава дека рокот за поднесување приговори до ДИК е 48 часа и истекува утре во 19 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...