fbpx

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

-

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите.

Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги врзале, ги тепале, а потоа им го зеле оружјето. Тие биле поделени така што двајца биле пред караулата, а двајца внатре и немале време да реагираат.

„Нè легнаа на земја, колегата го удираа по глава, а надвор слушавме дека дојде возило. Бараа од нас да кажеме каде е магацинот со оружје. Го претоварија оружјето од магацинот и заминаа. Ни рекоа „Денеска ќе ве поштедиме“ и нè пуштија да заминеме“, изјавил еден од полицајците.

Напаѓачите им ги зеле телефоните и облеката на полицајците, која, пред да ги пуштат, им ја вратиле и им наредиле да бегаат што побрзо и да не се враќаат назад.

Полицајците во исказите рекле дека по пат наишле на автомобил и од луѓето во него побарале телефон и го пријавиле нападот.

Пред полицајците сведочела жена, жителка на Диво Насеље, која рекла дека полицијата барала нејзин роднина, кој сега е еден од обвинетите, во куќата во која живее. Таа рекла дека сите биле однесени во полиција, каде биле малтретирани и тепани. За тоа кој пукал, жената кажала дека ништо не знае оти со семејството била сокриена во една од собите на куќата и ништо не видела.

Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, адвокатот на дел од обвинетите, Асмир Алиспагиќ, по завршувањето на денешното рочиште, не го коментирал сведочењето на сведоците на обвинителството и најавил дека на следното рочиште ќе продолжи доказната постапка со сослушување на сведоци предложени од одбраната.

„Јас би се воздржал од коментар на сведочењето, сепак се работи за полициски службеници кои биле во моментот на немилиот настан што се случил на полициската станица Гошинце“, изјавил Алиспагиќ.

На новинарите денеска не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето.

Објаснувањето од судот, кој попладнево се извини за пропустот, беше дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во неа има место само за четири-пет новинари.

Претходните две рочишта се одржаа во големата сала на Врховниот суд, но за денеска од судот соопштија дека не можат да ја отстапат салата поради реновирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...