fbpx

Полицајци во цивилка ги запреа припадниците на „Шарена револуција“

-

Полицајци во цивилна облека вечерва по протестот ги сопреа припадниците на „Шарена револуција“ кај Соборниот храм и побарале да ги легитимираат.

Активистите веднаш ги извадиле своите мобилни телефони и почнале да ги снимат припадниците на МВР. По ваквата реакција на активистите, припадниците на МВР, избегнувајќи ги камерите, веднаш се повлекле.

Видеозаписот од целата случка на „Фејсбук“ го објави активистот Замир Мехмети, кој напиша: „Еве како функционираат режимските послушници кои секојдневно непотребно нè малтретираат. Чавков, не ти се плашиме… Ќе ви шараме сè по список! Да живее #ШаренаРеволуција“.

Активистот Павле Богоевски вчера доби прекршочна пријава откако пред Порта Македонија испиша „четворка“, односно бројот на деновите до истекот на рокот, 18 јуни, за исполнување на нивните барања. Едно од барањата на „Шарената револуција“ е да престане притисокот и полициското гонење на демонстрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...