fbpx

Полицаец од Кратово осомничен дека си натпишувал прекувремени работни часови

-

СВР Куманово поднел кривични пријави против двајца полициски службеници од полициската станица во Кратово, осомничени за внесување невистинити податоци во евиденцијата за прекувремени работни часови и за невршење надзор во евиденцијата, информираат од МВР.

Првопријавениот И.А. (49) се товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување или уништување на деловни книги, а второосомничениот, Г.А. (45), за несовесно работење во службата.

Како што информираат од МВР, И.А., кој во периодот од 2010 до 2013 година бил командир на полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај во Кратово, во книгите за заведување прекувремени, ноќни и празнични работни часови, внесувал невистинити податоци дека бил на работа подолго од работното време, за што неосновано му биле исплатени приближно 60.000 денари, а МВР било оштетено за бруто-износ од речиси 90.000 денари.

Тој се товари и дека во 2013 година го тужел МВР врз основа на неисплатени работни часови и бонус-плата. По тужбата на осомничениот му биле исплатени околу 190.000 денари, а на штета на министерството од околу 280.000 денари.

Второосомничениот, кој бил помошник-командир на полициската станица од општа надлежност Кратово, според МВР, се товари дека не вршел надзор на изготвувањето наредби за прекувремена работа и евиденција на работните часови, со што му овозможил на И.А. да оствари 359 прекувремени работни часови наспроти законски дозволениот максимум од 190 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...