fbpx

Политика на градење мостови, вети новиот шеф на грчката дипломатија

-

Евангелос Венизелос му ја предаде штафетата и Министерството за надворешни работи на новиот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. На процедурата на смена на министрите во министерството, Венизелос даде детален отчет за сработеното овие две години, спомнувајќи сосема кратко дека и НАТО и ЕУ ги прифатиле и ги признале грчките позиции околу спорот за името.

– Што се однесува до спорот за името, ја почитуваме и следиме процедурата кај посредникот Метју Нимиц. За нас е важно дека нашите позиции се потврдија во НАТО на Советот на министри за одбрана во Брисел и на Самитот во Кардиф, додека во ЕУ беа признаени на декемврискиот Самит во 2014 година – изјави Венизелос во последниот говор во Министерството за надворешни работи.

Венизелос неколкупати истакна дека ниту во еден момент меѓународните сили не извршиле притисок врз Грција за отворените прашања од надворешната политика за да ја условат за финансиските проблеми и за јавниот долг.

Новиот министер не се осврна детално на отворените прашања што ги има Грција, само посочи дека бара покреативна мисла бидејќи работите во надворешната политика во сегашни услови се многу покомплексни од што биле во минатото. Тој подвлече дека ќе работат на одржување на добри врски со ЕУ, но нема да се затворат, ниту да завртат грб кон новите сили како Кина и Русија.

– Надворешната политика во време на меморандуми и на тешката задолженост, голем јавен долг на државата, треба да биде надворешна политика која ќе биде динамична, активна, која ќе подига и ќе отвора мостови со целиот свет. Ние сме европска држава и јас лично, како и замениците-министри, сум европски настроен. Ние сме држава која е европски ориентирана, но сакаме да градиме и големи мостови со новите растечки сили, државите од БРИКС, со држави како Кина, со нашите традиционални врски со Русија, Индија, Бразил и со многу други држави- истакна Коѕиас, додавајќи дека не смета дека добрите врски со Русија и со Кина нема да бидат антитежа за добрите врски со ЕУ.

Новиот шеф на дипломатијата беше јасен дека надворешната политика, главно, ќе се фокусира и на помош на економската политика и на преговори кои ќе ги води грчката влада со меѓународните кредитори.

– Надворешната политика треба да ја поддржува и да ѝ служи на битката што ќе ја даде новата влада за спас на државата, за рационалните преговори и за решение на проблемите што се поврзани со јавниот долг и со надминување на меморандумските договори- истакна Коѕиас.

Новиот шеф на дипломатијата има долго искуство во надворешната политика, има искуство 18 години во министерство и функција на амбасадор-советник сè до 2008 година, а бил и советник за надворешни работи на Јоргос Папандреу.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...