fbpx

„Политика“: Груевски ги раскарува Америка и Русија

-

Додека официјално се тврди дека избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски е во Будимпешта, во некои написи се шпекулира и дека отпатувал во Русија или во Турција, пишува денеска српскиот провладин дневен весник „Политика“. Во написот се потенцира дека и Русија и Турција одржуваат дипломатски односи со Скопје, но се судираат околу прозападната политика што ја спроведува премиерот Зоран Заев.

Под наслов „Груевски ги раскарува Америка и Русија“, најстариот дневен весник во Србија пишува дека „Русија никако не го прифаќа приклучувањето на Македонија во НАТО, а Турција не се слага што Македонија потклекнала пред грчкото барање за промена на името на државата“. „Политика“ оценува и дека на Заев ќе му бидат потребни „многу, не само политички, туку и правни докази, за на народот и на меѓународната јавност, посебно на Исток, да им објасни дека Груевски не е политичка жртва на ,црвеното американско владеење во Скопје’, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку дека избегал кога требало да оди в затвор“.

„Заев моментално е единствениот оптимист дека Груевски ќе биде вратен во Македонија. Останува отворено прашањето, ако навистина е во Русија, како Заев ќе го добие, а ако е во Будимпешта, тогаш премиерот Виктор Орбан сосема сигурно е во политички незгодна ситуација во однос на русија, а правно и политички во однос на ЕУ“, заклучува „Политика“.

Наспроти пишувањата на овој весник, Груевски беше правосилно осуден на затворска казна од две години во судскиот процес „Тенк“. Рочиштата беа отворени за јавноста и медиумите известуваа за нивниот тек.

На пресудата неговите адвокати се жалеа, но безуспешно, бидејќи Апелацискиот суд ја потврди пресудата. Потоа кога беше издадено решението за да се јави в затвор, Груевски поднесе барање да му се одложи почетокот на издржувањето на казната, но и тоа му беше одбиено. Потоа Груевски исчезна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...