fbpx

Политички партии и „Еко герила“ потпишаа договор за подобрување на животната средина

-

Трајно решение на проблемот со дивата депонија, работење на комбинатот „Југохром“ по сите еколошки стандарди и уредување на просторот на тетовската касарна во градски парк се трите точки, кои повеќе политички партии се обврзаа дека ќе ги исполнат во идниот парламентарен состав, како дел од договорот кој денеска го потпишаа со еколошкото здружение „Еко герила“.

– Знаеме дека тетовската касарна треба да се дислоцира од градот, па оваа локација мора да остане слободна и зелена површина, ако се земе предвид фактот дека во Тетово речиси и да нема градски паркови. Новите пратеници во идниот парламентарен состав мора да се залагаат конечно да го решат проблемот со дивата депонија во Тетово, која ги труе тетовци, а третото барање кое партиите се обврзаа дека ќе го исполнат е гаранција дека следната Влада нема да дозволи повторно отворање на фабриката „Југохром“ сè до поставување филтри – изјави Аријанит Џафери од здружението „Еко герила“.

Единствено, како што рече Џафери, на поканата за потпишување на документот, кој се однесува на унапредување и на заштитата на животната средина, не се одзвале владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...