fbpx

Политичарите нека се караат, економијата нека ни ја остават нам, велат бизнисмените

-

Бизнис-заедницата во Македонија поминала многу кризи, а економијата успеала да биде отпорна и да се носи со предизвиците. Неофицијално, сепак признаваат дека функционираат како во предизборен период, на стенд-бај со своите деловни активности.

– Преголемата политизација влијае депримирачки врз економијата, но ние максимално се заложуваме позитивните трендови што ги имаме во стопанството, да продолжат. Нема причини да се воведат какви било мерки кои ќе го минираат извозот, бидејќи економијата не придонесува за политички или каков било застој – изјави бизнисменот Антони Пешев.

Според Пешев, губењето на препораката за членство во Европската унија, може да влијае врз искористување на претпристапните фондови, но не и врз работата на домашните компании што работат пазарно.

– Ваквите мерки ќе влијаат неповолно глобално на политиката и на претпристапните фондови на ЕУ. Најважно за македонските компании е да го задржат високото ниво на конкурентност и да се почитуваат договорите за слободна трговија со земјите каде што се остварува најголемиот извоз – додаде Пешев.

Според економистот Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, овие политички процеси нема да имаат големо влијание врз економскиот пораст.

– Моменталната политичката состојба не укажува на тоа дека има големи последици врз стопанскиот развој. Очекувам порастот на економијата да се движи околу 3 проценти. Изгледите за извозот се добри и тој е со пристоен пораст. Проблемот е во нешто друго. Што има да се извезува, бидејќи индустријата учествува со многу мал дел од БДП – изјави Глигоров.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, избегна да даде изјава пред новинарите и порача дека бизнис-заедницата сака да соопштува само убави работи.

Со презентацијата на најуспешните македонски компании, кои освен дома имаат и производствени погони надвор од државата, бизнис-заедницата сака да го задржи оптимизмот за економски пораст, независно од политичката неизвесност во државата.

Стопанската комора ги претстави своите членки кои остваруваат 60 проценти од македонскиот извоз, имаат производствени погони надвор од земјава, генерираат вработувања, инвестираат и придонесуваат за развој на економијата. Станува збор за компаниите „Алкалоид“, „Адинг“, „Брилијант“, „ИГМ-Трејд“, „Фени индустри“, „Брако“, „Ренова“, „Урбан инвест“, „Монтенегро“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...