fbpx

Полесен пристап до финансии и попис се дел од барањата на СКСЗМ до Владата

-

Поддршка за рамномерен регионален развој, инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово, неселективна примена на законите, полесен пристап до финансии, попис на населението, транспарентност и отчетност се клучните барања што претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, во име на фирмите – членки, ги претстави денеска пред премиерот Зоран Заев и пред неговиот тим.

Премиерот Заев нагласил дека 80 отсто од барањата на СКСЗМ се вградени во владината економска програма, но апелира стопанствениците да продолжат со изнесувањето критики, сугестии и предлози.

Според него, 90 милиони евра или 1 отсто од домашниот бруто-производ БДП годишно ќе бидат реализирани за рамномерен регионален развој, а секој денар заштеден во буџетот ќе се инвестира во капитални инвестиции.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјавил дека имајќи ја предвид бројноста на дијаспората од Северозападна Македонија, интересна е идејата да се предложат даночни олеснувања за инвестирање од граѓаните кои заминале на работа во странство.

На средбата со бизнисмените, владините претставници истакнале дека особено внимание ќе се посвети на поврзувањето на домашните претпријатија со странските во технолошко-индустриските зони, рамномерен локален економски развој, трансфер на технологии, а со тоа интегрирана економија, односно интегриран инвестициски систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...