fbpx

Поглед од Албанија: Quo Vadis Macedonia?

-

Колку и да е оптоварена јавноста во Албанија со сопствените разгорени политички проблеми во моментов, вниманието во последниве две седмици претежно се насочува преку источната граница, кон Македонија, каде политичката криза ескалираше и на маса се прашања кои на еден или на друг начин ги интересираат сите Албанци.

Oчекувано, државници, политичари, аналитичари и новинари интензивно ги коментираа случувањата откако македонскиот претседател Ѓорге Иванов одби да го даде мандатот за нова влада, а во земјата почнаа протести против албанскиот јазик. Обичните Албанци, сепак на социјалните мрежи повеќе коментираат за актуелната политичка криза во нивната земја, која почна да зема облик на македонската, со бојкотот на опозицијата, но не забораваат да „погледнат“ и преку источната граница, јавува Алида Каракуши, дописничката на „Мета“ од Тирана.

Мнозина се изненадени и им се чини апсурдно некој да протестира против јазик. Нивното мислење добро е отсликано од коментарот на познатиот албански новинар Ментор Кикиа, кој вели дека „да натераш една половина од населението да протестира против употребата на јазикот на втората половина е нешто што е поверојатно за некоја загубена земја во Африка, каде општествата се сѐ уште организирани во племиња, а не преку институции“.

Неговиот имењак, колумнистот Ментор Назарко, вели дека „славомакедонската олигархија најверојатно е повеќе во паника од загуба на власта отколку од албанскиот јазик“.

Паскал Мило, историчар и поранешен министер за надворешни работи на Албанија, се согласува со Назарко, додавајќи дека ако круговите околу ВМРО-ДПМНЕ не се заложат за ситуацијата туку во страв од загубата на власта продолжат да ги поттикнуваат луѓето на протести комбинирани со етничка омраза, има голема веројатност Македонија да влезе во нова посериозна ситуација, која може да доведе до непредвидливи последици за нејзината иднина.

„Доколку овие кругови предводени од ВМРО-ДПМНЕ не се вразумат, туку продолжат да ги потпалуваат луѓето на омраза кон Албанците, поради стравот од загубата на власта, тогаш има шанси Македонија да доживее и многу посериозна ситуација, што може да доведе до конфликт со непредвидливи последици за нејзината иднина“, порача Мило, поранешниот шеф на  албанската дипломатија, во интервју за „Газета Шќиптаре“.

Тој вели дека ситуацијата ги потсетува на 2001 година, кога официјална Тирана беше обвинета дека предизвикува тензии.

Во врска со нападите на албанскиот премиер Еди Рама од страна на македонските функционери, на „Топ шоу магазин“ неделава имаше дебата на која Артан Груби од ДУИ појасни дека албанската платформа е подготвена во Скопје, но поради отфрлањето од страна на Беса, „Тирана интервенирала за да ги собере“, така отфрлајќи го обвинувањето дека албанската платформа е тиранска платформа“.

Арбана Џара, новинарка од Приштина, коментираше дека тој потег на Беса не е изненадување, бидејќи тоа движење е директно спонзорирано од Ердоган.

„Цели 27 години Албанија ѝ има дадено на Македонија многу повеќе отколку што добила од неа“, вели политичкиот теоретичар Африм Красниќи. Тој додава дека Тирана го дала својот глас за Македонија кога Македонија била отфрлена од другите. Уште повеќе, вели тој, Тирана ја отвори својата граница кога на Македонија ѝ беше наметнато ембарго, но и остана нема во многу случаи кога Албанците во Македонија беа дискриминирани.

Красниќи нагласува дека суштината на интервенцијата на Тирана е спроведувањето на Охридскиот договор, а официјално Скопје реагира со ароганција, напаѓајќи ја соседната земја преку протести против другиот народ, обидувајќи се да создаде режим со етничка дискриминација како главна содржина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...