fbpx

Поднесено обвинение за убиството во Охрид на Нова Година

-

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до локалниот Основен суд поднел обвинение против српски државјнин кој се товари за убиството на 27-годишен охриѓанец кое се случи на 1 јануари, оваа година.

„Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 1 јануари 2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. Обвинетиот со силни удари му нанел тешки телесни повреди на 27-годишно момче од Охрид, по што тоа починало. Потоа српскиот државјанин се вратил во кафе-барот и продолжил да се забавува“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

На барање на надлежниот јавен обвинител, се додава во соопштението, судот на обвинетиот му ја продолжил мерката притвор за нови 30 дена.

Убиството за кое се товари српскиот државјнин се случи во кафе-барот „Табана“ во Охрид, по вербална расправија помеѓу две групи, во кои од една страна бил сега починатиот, со двајца негови пријатели од Охрид, а од другата обвинетиот заедно со уште двајца српски државјани, кои исто така беа уапсени и осомничени за помагање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...