fbpx

Поднесено обвинение за убиството на матурантот во Ѓорче Петров

-

Јавното обвинителство покрена обвинение против осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи кон средината на мај годинава, во населбата Ѓорче Петров.

Според обвинителниот акт, осомничениот се товари за две кривични дела, тешка кражба и убиство со умисла.

Соопштението од јавното обвинителство ви го пренесуваме интегрално:

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши во целина истрагата за убиството на матурантот во населбата Ѓорче Петров. Врз основа на утврдените факти и докази во предметот, поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје против едно лице за сторени кривични дела тешка кражба од член 236, став 1, точка 3 и убиство од член 123, став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Обвинетиот е осомничен дека на ден 19 мај 2014 година, околу 17 часот, во дворот на семејната куќа на семејството на сега покојното лице, на дрзок начин одзел еден велосипед, на начин што влегол преку влезната врата на дворот, која била заклучена со рајбер, го здогледал велосипедот потпрен на ѕидот на куќата, па откако бил забележан како го одзема велосипедот и укорен од страна на таткото на сега покојното лице, обвинетиот се качил на велосипедот и со него побегнал.

По извршеното противправно присвојување на велосипедот, се упатил кон пешачкиот мост кој води кон с.Сарај, каде на патеката на насипот го пречекале таткото на сега покојниот, кој го блокирал патот обвинетиот да не побегне кон мостот, и сега покојниот, кој го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар.

При тоа, обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал двапати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Обвинетиот потоа бил нападнат од  таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега.
Таткото на покојниот и покојниот се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана, дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт кај сега покојниот на скалите пред болницата.

За стореното дело обвинетиот се гони за кривично дело тешка кражба и убиство со умисла. Поради исполнување на законските основи, јавниот обвинител до надлежниот суд предложи и продолжување на мерката притвор.“

По убиството, голем број граѓани, жители на населбата Ѓорче Петров ги блокираа улиците, а имаше и безредија во кои беа превртувани автомобили, палени и демолирани дуќани и ресторани, заради што беа приведени дваесетина лица, меѓу нив и малолетници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...