fbpx

Поднесено обвинение за сообраќајната незгода кај Универзална сала

-

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 26-годишниот Љ.В. за сообраќајната несреќа што се случи на 3 април годинава, на раскрсницата во близина на Универзалната сала, а во која животот го загуби 20-годишната Фросина Цековска од Крива Паланка.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот се товари за тешко дело против безбедноста на луѓето и на имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

„Обвинителниот акт е поднесен врз основа на добиените резултати од истражната постапка, која беше спроведена по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Во текот на истрагата, врз основа на пронајдените материјални траги, остатоци од ДНА, се утврди идентитетот на сторителот на оваа сообраќајна незгода, кој критичниот ден го управувал патничкото моторно возило „хонда прелуд“ по булеварот Партизански oдреди во близина на Универзална сала, каде се случила сообраќајната незгода“, стои во соопштението на обвинителството.

Оттаму велат дека пронајдените траги се совпаѓаат со ДНА-профилот на лицето што се пријавило во полициска станица, како сторител на сообраќајната незгода.

Во вештачењето, што го изработило Бирото за судски вештачења, било утврдено пречекорување на брзината со која било управувано воизлото и непосветување внимание од осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.

Институтот за судска медицина, криминалистика и за медицинска деонтологија, пак, изрботил две вештачење, во кои било утврдено дека во моментот на несреќата осомничениот бил под дејство на алкохол.

„Од Институтот за судска медицина, криминалистика и за медицинска деонтологија беа изработени две вештачења од кои се утврдија причинско-последичната врска помеѓу критичниот настан и смртта на жртвата, Фросина Цековска од Крива Паланка, како и присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа. Исто така, во текот на истрагата беа испитани и сведоци – очевидци на настанот, кои се произнесоа по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен беше испитан законскиот застапник – таткото на сега починатата Фросина Цековска“, се вели во соопштението од обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...