fbpx

Поднесени три барања за утврдување одговорност на судија од почетокот на годината

-

Советот за утврдување на факти до Судскиот совет поднел три барања за поведување постапка за утврдување одговорност за судија, стои во извештајот на Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава.

Инаку, Советот за утврдување факти, во првите шест месеци од оваа година постапувал по вкупно 404 предмети, од кои 331 пристигнале во текот на оваа година, а 73 биле останати за работа од претходната 2016 година.

Од вкупнот број на предмети Советот успеал да реши 291, односно биле решени 222 предмети од оние што пристигнале, годинава и 51 предмет од иницијативите што останале од 2016 година. Според извештајот, за 14 предмети иницијативите биле одбиени, а за три било поднесено барање до Судскиот совет за поведување постапка за утврдување одговорност на судија.

Најголем дел од иницијативите што Советот за утврдување на факти ги добил годинава биле за неправилности во работата на судии од Основниот суд Скопје 2, потоа од Основниот суд Скопје 1 и од Основниот суд во Охрид, стои во извештајот на Советот за периодот од 1 јануари до 30 септември оваа година.

Според извештајот, за неправилности во работата на судии во скопскиот граѓански суд до Советот биле поднесени 46 иницијативи, за Кривичниот суд во Скопје – 35, за Основниот суд во Охрид – 24, за Апелацискиот суд Скопје – 21, за Управниот суд – 18, за Основниот суд во Битола – 16 и за Врховниот суд – 11 предмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...