fbpx

Поднесени кривични пријави за насилство за двајца скопјани

-

СВР Скопје поднесе две кривични пријави против Б.Л. (20) од Скопје за две дела насилство и една кривична пријава за Д.П. (19) од Скопје кој заедно со првопријавениот учествувал во едно од кривичните дела. За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка на Б.Л. ме е одреден притвор во траење од осум дена.

МВР соопшти дека во првиот случај пријавените Б.Л и Д.П. извршиле насилство врз лицата Ж.Т. (19) и А.С. (17), двајцата од Скопје, на улица 1.596, поточно на паркиралиште во населбата Ѓорче Петров. Пријавените со моторно возило го попречиле патот на возилото во кое се превезувале оштетените, кои биле заедно со уште три лица кои, пак, сакале да го напуштат местото на настанот.

„Најпрво, првопријавениот дошол до возилото и ја отворил вратата од страна на совозачот, каде седел А.С., и го удрил со тупаница во пределот на вратот, а потоа и насилно го извлекол од возилото и со рака го удрил неколкупати во пределот на стомакот. Подоцна ја отворил задната врата од возилото и му се обратил на Ж.Т. со заканувачки зборови дека физички ќе го нападне, по што веднаш почнал со рака да го удира во пределот на главата и по телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно продолжиле да го удираат Ж.Т. во пределот на главата и по телото“, соопшти МВР.

Другите три лица, кои биле во возилото заедно со оштетените, чувствувајќи страв и несигурност од насилното однесување на пријавените, почнале да бараат помош. Веднаш по настанот случајот бил пријавен во полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров.

Во вториот случај кривичното дело насилство врз лицето Г.Ѓ. (24) од Скопје го извршил Б.Л. сам, во ресторан лоциран на булеварот Партизански одреди. Додека Г.Ѓ. заедно со негов познаник од Скопје ја подмирувале сметката во ресторанот и сакале да си заминат од објектот, им се приближил пријавениот и му се обратил на Г.Ѓ. да излезе надвор за да разговараат. Откако оштетениот одбил, а поради претходна расправија и страв да не биде физички нападнат, Б.Л. од јакната извадил бејзбол-палка и веднаш почнал да го удира оштетениот во пределот на главата и по телото со што му нанел повреди во вид на исеченици и модрици. Оштетениот од здобиените повреди на главата почнал обилно да крвави и да ја губи свеста, но пријавениот продолжил да го удира сè додека не бил спречен во намерата од вработен во ресторанот, по што и го напуштил местото на настанот.

Оштетениот бил префрлен во Градска општа болница „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на повредата бил префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување.

Од страна на полициски службеници излезено било во ГОБ „8 Септември“ каде бил извршен разговор со Г.Ѓ., по што бил известен јавен обвинител. Врз основа на барање од Основното јавно обвинителство во Скопје, ресторанот достави податоци и едно цеде со видеозапис од безбедносни камери.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, извршен бил службен разговор со четири лица, сведоци на настанот, за што бил изготвен и службен материјал, а по писмена наредба од Основен суд Скопје 1, извршен бил претрес во домот на пријавениот, при што пронајдена била бејзбол-палка.

Б.Л. досега бил кривично пријавуван за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, додека Д.П. бил кривично пријавуван за кражба, тешка кражба, разбојништво и за затајување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...