fbpx

Под лупа загадувањето и климатските промени во Источна Македонија

-

Присуството на фосфор и на нитрити во реките во Источна Македонија, останува да биде главен проблем. Во водите на реката Брегалница има повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, манган, олово и на бакар. Поради тоа, состојбата со водите не може да се оцени како добра. Ова е заклучокот од анализите во рамките на обемниот Проект за управување на речниот слив на Брегалница.

Денеска во Кочани се одржа третата презентација на резултаитите од овој проект, за кој, 4,5 милиони швајцарски франци издвои Секретаријатот за економија на Швајцарија, а 800.000 франци – Министерството за заштита на животната средина. Како резултат на овој проект, професорот на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Трајче Стафилов, изработи вреден документ „Геохемиски атлас на Брегалница“.

На крајот од проектот, како што истакна раководителот Владимир Ставриќ, ќе биде изработен план за управување со речниот слив, кој ќе биде предаден на Министерството за животна средина. Планот ќе биде своевиден патоказ на активности за заштита на подземните и на речните води на втората по големина река во Македoнија.

20 експерти од Македонија и 16 од Швајцарија и од Шпанија работат на изработката на анализите и на документите што произлегуваат од проектот.

Особено очекувана за јавноста е анализата за влијанието на климатските промени. Изработени се три сценарија за висок, среден и за низок ризик од климатските промени. Следите години, според процените, во источниот регион потребите за вода ќе се зголемат за 2 проценти, пред сè, од индустријата. Проблемот не е во количеството на вода, туку во нејзиниот квалитет. Загаденоста на водите од индустријата, рудниците и од пестицидите од земјоделството останува голем проблем. Дополнителен проблем е што по текот на Брегалница само еден град има прочистителна станица на отпадните води. Планот на кој се работи, доколку се следи во наредните години, вели Владимир Ставриќ, треба да го подобри квалитетот на водите.

Проектот, кој се однесува на 15 општини во Источна Македонија, завршува во 2016 година. Преставничката на швајцарскиот Сектор за економија, Франсоаз Саламе, рече дека успешноста на проектот е во одржливоста.

– Кога ќе се вратиме по неколку години и ги најдеме граѓаните како употребуваат квалитетна, чиста вода, тогаш ќе кажеме дека проектот е успешен – изјави Саламе.

Проектот досега финансираше 15 комунални проекти кои директно се однесуваат на заштитата на животната средина, како и поставување на три помали прочистителни станици на отпадните води.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...