Во Основен суд Скопје 1, попознат како Кривичен суд -Скопје, денеска треба да започне судењето за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Ова е издвоена постапка за Јанкулоска и судењето почнува од почеток, а судијката Добрила Кацарска закажа 11 рочишта за овој предмет до крајот на септември.
Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. За ова кривично дело на поранешната министерка и се заканува казна затвор од најмалку 5 години.