fbpx

Почнува расправата за новата стратегија за национална сајбер-безбедност

-

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи заеднички изготвиле работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Расправата веќе почна по електронски пат, преку давање предлози, препораки и коментари на електронската адреса [email protected], а утре ќе се одржи и првиот јавен настан од овој процес.

Во Клубот на пратениците во Скопје, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата јавна расправа на која ќе биде презентирана стратегијата. На настанот ќе бидат министерот за информатичко општество и  администрација, Дамјан Манчевски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во нацртот на 38 страници, се посочува дека е голема потребата од нов пристап кон сајбер-безбедноста, бидејќи постои огромна неподготвеност за справување со сајбер-заканите и кај граѓаните и кај фирмите, а заканите се сè побројни. Наспроти тоа, има недостиг на експерти и огромен проток на информации кои излегуваат од граѓаните или фирмите или доаѓаат до нив, и затоа стратегијата предвидува значително зголемување на капацитетите за заштита на податоците од лица и други субјекти со криминални намери со користење државни пари за развивање соодветна одбрана.

Според стратегијата, во првиот квартал на 2017 година, 73,6 отсто од домаќинствата имале пристап до интернет, а кај фирмите со 10 или повеќе вработени таа бројка била 91,2 отсто. Тоа наметнува потреба од подобро запознавање на корисниците со мерките на заштита, посебно во фирмите, од кои дел извршуваат работи за државата, па ризиците што ги имаат тие фирми значат и ризици од загрозување на податоци на државата. Исто така, се позастапен е и Интернет на нештата, односно поврзување на најразлични уреди на интернет, коишто може да бидат нападнати и така да се загрози не само нивното функционирање, туку и безбедноста на нивните сопственици.

Стратегијата за сајбер-безбедност предвидува засилени меѓусекторски мерки за справување со заканите, преку пет мерки. Тоа се зголемување на сајбер отпорноста и зголемување на сајбер-капацитетите, посодветна борба со сајбер-криминалот, потоа засилување на сајбер-одбраната и поголема соработка на институциите.

Исто така, предвидено е формирање на Национален совет за сајбер-безбедност и, како самостоен орган, Тело со оперативни капацитети за  сајбер-безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...