fbpx

Почнува расправата за буџетот во Комисијата за финансирање

-

Во Собранието на Република Македонија денеска почнува постапката за донесување на буџетот за 2018 година. Предложениот буџет ќе биде единствената точка на денешната седница на матичната Комисија за финансирање и буџет, која почнува во 11 часот.

Според деловникот, расправата во матичната комисија трае 10 работни денови. Поднесени се 279 амандмани, од кои 204 од ВМРО-ДПМНЕ, а 75 од Беса.

Вкупните приходи Владата предвидува да изнесуваат 193.512 милиони денари, односно 3,1 милијарда евра, додека расходите се планирани на 211.745 милиони денари, односно 3,4 милијарди евра.

Проектиран е буџетски дефицит од 2,7 отсто од БДП. За да биде пониско задолжувањето, се зголемува акцизата на нафтата за три денари од 1 јануари 2018 година.

Вкупните планирани приходи за наредната година се поголеми за 4,7 отсто во однос на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...