fbpx

Почнува постапката за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

-

Во 10.30 часот денеска ќе почне 12-тата седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред е само една точка – одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, инаку долгогодишен претседател на Собранието, кој беше на чело на законодавниот дом до 27 април 2017, кога се случија суровите насилства и обиди за убиство на пратеници.

Комисијата решава по формалното барање од Основен суд Скопје 1 за одобрување притвор, кое е поднесено вчера.

Вељаноски, поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски завчера беа осомничени за организација на насилството во Собранието на 27 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.