fbpx

Почнува новата учебна година со околу 270.000 ученици

-

Денеска почнува новата учебна година со околу 270.000 ученици. Според најавите од Министерството за образование и наука (МОН), учебната 2018/2019 година се очекува да започне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение.

Оваа година ќе бидат доставени 22 корегирани учебници, а новина е и што учебниците што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по истата цена по која ги откупува министерството.

Станува збор за учебниците по математика од прво до деветто одделение, учебниците по природни науки од прво до шесто одделение, потоа тие по биологија од седмо до деветто одделение. Корегирани се и учебниците по хемија и по физика за осмо и деветто одделение.

За првачињата се предлага намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежбање на часовите наместо домашни задачи и редуцирање на тестовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.