fbpx

Почнува дводневниот самит на ЕУ во Брисел

-

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој ќе се разговара и за состојбата на Западен Балкан.

Врз основа на нацрт-документот за заседанието, во кој имал увид британскиот весник „Гардијан“, лидерите на ЕУ ќе го обноват своето ветување дека вратата за членство ќе остане отворена за сите кандидати, но истовремено ќе го истакнат значењето на реформите и на добрососедските односи.

„Гардијан“ наведува дека членките на Унијата немаат единствен став за тоа дали треба прецизно да се укаже на надворешните фактори кои неизбежно се зајакнуваат во регионот, како што е Русија и сè поголемото влијание на Турција.

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, минатата недела имаше мини-турнеја на подрачјето на Западен Балкан. По својата посета, Могерини во Брисел изјави дека ситуацијата е напната и дека Западен Балкан е соочен со предизвици на внатрешен, регионален и на глобален план и дека е потребна силна и уверлива поддршка од ЕУ за интеграција на регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...