fbpx

Почна со работа GDPR Today – веб-страница за статистика, новости и алатки за заштитата на личните податоци

-

Денеска започна реализацијата на GDPR Today, Интернет центар преку кој јавноста ќе биде во тек со реалната примена на новиот закон за заштита на податоци на ЕУ – Општата регулатива за заштита на лични податоци (ГДПР). Овој проект ќе го следи спроведувањето на законот ширум Европа преку објавување статистики и споделување релевантни новости во врска со клучни теми.

„Воден од неколку организации-членки на ЕДРи, GDPR Today има за цел да ја надополни поддршката од минатото која што нашето здружение ја дава на реформата за заштита на податоците“, вели Катарзина Шимиелевиц, заменик претседател на ЕДРи и соосновач и претседател на Фондацијата „Паноптикон“.

Иницијативата ќе даде приоритет на градењето знаење околу правните насоки и одлуки, злоупотребата на личните податоци, новите кодекси на однесување, алатките кои го олеснуваат остварувањето на правата на луѓето, важните развојни процеси во областа на бизнисот и владината поддршка на надзорните органи за заштита на податоци. GDPR Today е инструмент кој е наменет за експерти, активисти, новинари, правници од областа на заштитата на личните податоци и за сите они кои се заинтересирани за заштитата на личните податоци.

„Нашата цел со GDPR Today е на јавноста да ѝ презентираме факти за спроведувањето на законот, така што оние кои се заинтересирани ќе можат да следат како ГДПР го оформува дигиталниот пазар на ЕУ и како им помага на луѓето да ја вратат контролата врз нивните лични податоци.“, вели Естел Масе, аналитичар на политики и одговорно лице глобална заштита на податоци во „Аксес нау“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...