fbpx

Почна седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски

-

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која се расправа по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Според Законот за јавни обвинители, Советот треба да даде мислење – позитивно или негативно, за разрешувањето на Зврлевски.

Зврлевски, кој е член на Советот по службена должност, според законот, нема право и не присуствува на денешната седница. Тој, во случајов, може само писмено да се произнесе за предлогот на Владата за негово разрешување.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, минатата недела изјави дека според негово лично мислење, Зврлевски бил перфектен досега и дека немал никакви забелешки за неговата работа.

Инаку, Советот, според законот, треба во рок од 15 дена од добивање на решението, да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма по предлогот за разрешување на јавниот обвинител. Доколку Советот на јавни обвинители од оправдадни причини не го направи тоа во предвидениот рок, тогаш, според законот, му се даваат нови 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата.

Аневски минатата недела изјави дека Советот ќе одговори во првите 15 дена од рокот, но не сакаше да прејудицира какво ќе биде мислењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...