fbpx

Почна реконструкцијата на Спортскиот центар во Тетово

-

Спортскиот центар во Тетово ќе добие нов лик, откако деновиве со поставување на ограда околу просторот почнаа подготовките за негова реконструкција. На површина од тринаесет илјади квадратни метри се планира да биде поставена урбана спортска опрема, детски реквизити, а ќе бидат изградени и повеќе спортски терени.

Проектот го реализира приватна фирма, која го добила центарот под закуп од тетовската локална самоуправа.

– Се планира проектот целосно да се реализира за шест месеци. Освен поставување на урбана опрема, повеќе од 30 отсто од површината од центарот ќе покриена со зеленило и ќе бидат засадени дрвја. Ќе има и паркинг простор, место за прошетки приспособено и за лица со посебни потреби – изјави Агрон Илјази, одговорно лице од фирмата која во иднина ќе стопанисува со спортскиот центар.

Спортскиот центар повеќе од една деценија беше оставен на забот на времето. Претходниот концесионер не вложуваше никакви средства во оваа единствена слободна зелена површина во градот, каде спортските игралишта и детските реквизити се целосно руинирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...