fbpx

Почна предизборниот молк, утре се гласа за нова локална власт

-

Од полноќ почна предизборниот молк, во кој до утре во 19 часот е забранета секаква изборна и партиска пропаганда. Вкупно  1.814.644 гласачи ќе имаат можност утре од 7 до 19 часот да го дадат својот глас за идниот градоначалник и за членовите на советите на општините во коишто живеат.

Гласањето е непосредно и тајно, а за сите нерегуларности, граѓаните може да се обратат до Државната изборна комисија, невладината „Мост“, како и до Хелсиншкиот комитет на Република Македонија на претходно објавените контакт-податоци.

Секој граѓанин мора да се идентификува со личен документ – лична карта или пасош, да биде проверен со УВ-лампа дали претходно гласал, а потоа да биде испрскан на дланката со УВ-спреј, по што ќе добие едно ливче, чиј број не смее да биде запишан каде било од страна на избирачкиот одбор, а потоа со заокружување на само еден број пред името на кандидатот или на листата на советници, да го искаже својот глас.

Изборите ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Скопје. На шестите локални избори во независна Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Денеска ќе гласаат болните и изнемоштени луѓе, затворениците и лицата во притвор.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Тогаш ќе се гласа само за двајцата најдобро пласирани кандидати за градоначалници од првиот круг во кој не е постигнат условот за јасна победа во првиот круг.

Изборите ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. Според податoците објавени на веб-страницата на ДИК, од домашните, најголем број акредитирани набљудувачи има невладината организација „Мост“ – 2.843.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР – 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија – 33, Делегацијата на ЕУ – 23, како и Меѓународниот студиски центар за избори (IESC), со 18 набљудувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...