fbpx

Почна поморската акција на ЕУ против шверцот на мигранти

-

Советот на министри за надворешните работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), денеска на состанокот во Луксембруг ѝ дадоа зелено светло на поморската операција на ЕУ, со име „ЕУНАВФОР Мед“, насочена против шверецерите на мигранти и трговијата со луѓе преку Средоземно Море.

Мисијата на операцијата, како што информираат од Советот на ЕУ, е да ги идентификува, зароби и да се ослободи од бродовите и од другите средства што ги користат шверцерите на мигранти и трговците со луѓе.

– Прашањето за миграцијата никогаш не било посериозно сфатено од ЕУ, отколку што е сега. Оваа операција е насочена против бизнис-моделот на тие што имаат корист од тешката состојба во која се наоѓаат мигрантите. Ова е само дел од една поширока стратегија, која ја вклучува соработката со нашите партнери од Африка, Меѓународната организација за миграција и УНХЦР. Како Европска унија, решени сме да придонесеме во спасувањето животи, демонтирање на шверцерски мрежи и во решавање на основние причини за миграција – изјави високата преставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Според Советот на ЕУ, „ЕУНАВФОР Мед“ ќе се изведува во неколку фази, во целосна согласност со меѓународното право, од кои правата ќе биде фокусирана на следењето и на процената на шверцерските мрежи во јужниот и во централниот дел на Средоземно Море.

Операцијата ќе биде координирана од седиште во Рим, а со неа ќе раководи адмиралот Енрико Кредендино.

Трошоците за „ЕУНАВФОР Мед“ се проценуваат на околу 11,82 милиони евра, за почетниот мандат од 12 месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...