fbpx

Почна обдукцијата на телото за кое грчките власти тврдат дека е на Дениса

-

Посмртините останки, за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, доцна синоќа пристигнаа во Скопје.

По пристигнувањето на телото, веднаш почнала обдукцијата, која треба да ги потврди или негира наодите на грчките власти.

Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција.

Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите од обдукцијата на грчките власти затоа што тие го потврдија идентитетот, но не понудија никаков одговор за тоа како починала младата девојка.

Дениса исчезна на 12 септември, додека работеше на бродот „Серенисима“ во водите на Егејско Море. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК-анализата со 99,9 проценти сигурност потврди дека е на младата Македонка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...