fbpx

Почна летното сметање на времето

-

Летното сметање на времето почна во два часот по полноќ со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред. Ова сметање ќе трае до последниот викенд на октомври, кога почнува зимското сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда да енергија, а сега се применува во 70 земји.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година, Европската Унија, како и останатите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...