fbpx

Почна и веднаш заглави расправата за распишување оглас за наследник на Зврлевски

-

Собранието ја почна расправата за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на претходниот – Марко Зврлевски.

Координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, кои почнаа да се јавуваат за збор, еден по еден, обвинија дека постапката се води незаконски за време на распишани избори, идентично како и при разрешувањето на Зврлевски, бидејќи е во спротивност со членот 8-а од Изборниот законик.

– Ако за граѓаните беа разбирливи полтичките причини за разрешувањето на претходниот јавен обвинител, одењето спротивно на законот и на членот 8-а, кој беше изгласан на барање на СДСМ, е веќе ароганција и надминување на нормалното функционирање на државата. Тоа значи дека Собранието е над сите закони и дека пратениците можат да се повикуваат на имунитет за секоја одлука што исто така е ароганција – рече Илија Димовски, координатор на една од пратенички групи, кој, повикувајќи се на одлука за апанажа на Зврлевски, додаде дека со одлуката за негово разрешување, тој не само што заминал од функцијата државен јавен обвинител, туку го загубил и работното место, бидејќи е разрешен поради нестручно, несовесно и незаконско вршење на службата.

Димовски рече дека Владата на 24 август донела одлука да стави во мирување четириесетина постапки за изменување на државни функционери, токму поради членот 8-а од Изборниот законик.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, реплицирајќи, обвини за двојни аршини кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример го посочи токму именувањето на Марко Зврлевски за државен јавен обвинител на 21 јануари 2013 година, 10 дена по распишувањето на локалните избори, кои се одржаа на 24, односно на 7 април 2013 година.

На ова реагираше Димовски, кој истакна дека во 2013 година во Изборниот законик ја немало алинејата што ја забранува ваквата постапка за време на избори и дека таа е донесена во 2015 година.

Петре Шилегов од СДСМ од говорницата порача дека ќе продолжат со тоа што го зацртале и дека мислењето на Државната комисија за спречување на корупција околу примената на ченот 8-а не може да влијае на работата на Собранието.

– Антикорупциската комисија е синоним за криминалот, исто како и Марко Зврлевски – додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...