fbpx

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

-

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции.

В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец.

Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има потреба од тоа.

Инаку, во врска со пожарот што сериозно ја загрози животната средина, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и коалициските партнери дека од Охридското Езеро прават депонија и ја загрозуваат туристичката сезона, а СДСМ одговори дека проблемот со струшката депонија се создал во времето кога на власт била и ВМРО-ДПМНЕ.

Депонијата зафаќа 14.000 квадратни метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...