fbpx

Почина Шимон Перес, поранешен премиер и претседател на Израел

-

Поранешниот претседател на Израел, добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес, почина синоќа на 94-годишна возраст, две недели откако претрпе голем мозочен удар.

На погребот, кој ќе се одржи в петок на националните гробишта во Ерусалим, ќе присуствуваат претседателот на САД, Барак Обама, канадскиот премиер Џастин Трудо, Бил и Хилари Клинтон, јавува израелскиот весник „Хаарец“.

Перес бил еден од последните преживеани основачи на модерниот Израел. Роден е во Полска како Шимон Перски во 1923 година, а 11 година подоцна се преселил во мандатна Палестина со своето семејство.

Пораснал во Тел Авив, завршил средно земјоделско училиште, а потоа работел како фармер и пастир. Потоа запишува студии на „Харвард“ во Њујорк, САД.

Бил премиер и претседател на Израел и лидер на Лабуристичката партија. Тој е прв Израелец кој бил претседател на влада и шеф на држава.

За време на седумдецениската политичка кариера, бил на речиси сите значајни позиции во владата и играл клучна улога во историјата на земјата и како борец и како миротворец.

Член на Кнесетот, израелскиот парламент, бил од 1959 година до 2007 година, кога стана претседател. Министер за апсорпција на имигранти и за развој на окупираните територии стана во 1969 година.

Во 1993 година беше шеф на израелската дипломатија, помагал во преговорите за мир со лидерот на Палестинската ослободителна организација, Јасер Арафат. Следната година за спогодбата доби Нобелова награда за мир, заедно со Арафат и со тогашниот израелски премиер Јицак Рабин.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...