fbpx

Почина Гевин Мекфејден, менторот на Асанж и директор на „Викиликс“

-

Директорот на „Викиликс“ и ментор на основачот на интернет-страницата, Џилијан Асанж, Гевин Мекфејден, почина на 76-годишна возраст, објави Центарот за истражувачко новинарство, чиј основач е Мекфејден.

Од организацијата засега не ја наведуваат причината за смртта на Мекфејден.

На социјалната мрежа „Твитер“ на профилот на „Викиликс“ беше објавено дека Мекфејден, освен што му бил ментор на Асанж, бил и него најблизок пријател во Лондон, каде основачот на „Викиликс“ се наоѓа повеќе од четири години, криејќи се во амбасадата на Еквадор.

„Гевин Мекфејден, саканиот директор на ‘Викиликс’, сега ги свртува своите тупаници за борба со бог. Удри го, засекогаш, Гевин“, стои во друг твит на „Викиликс“, потпишан со иницијалите на Асанж.

Поради ова, дел од медиумите шпекулираат дека тоа мoже да значи дека Асанж и понатаму е во контакт со „Викиликс“ иако пред една недела еквадорските власти му го исклучија интернетот во амбасадата во Лондон, откако „Викиликс“ ја објави електронската пошта од кампањата за претседателските избори во САД на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...