This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed May 23 15:05:34 2018 / +0000 GMT

Почина актерот Салаетин Билал




На 76-годишна возраст почина Салаетин Билал (76), македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер, кој играше во голем број филмови, телевизиски серии и театарскии претстави.

Во неговата биографија, меѓу другите, се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“,  „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ (2004), „Сенки“ (2007), „Мајки“ (2010), па се до последните филмови на македонската филмска продукција „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“ (2013), „Херој“ (2013) и „До балчак“ (2014).

Глумел и во голем број серии, како „Волшебното самарче“ (1975), „Итар Пејо“ (1977), „Илинден“ (1982), „Белото Циганче“ (1984), „Солунски патрдии“ (1986), „Тврдокорни“ (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други.

Добитник е на бројни награди.

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.

Забележителни се неговите ролји во Театарот на Ромите „Пралипе“ и во други независни проекти.

Верската церемонија ќе се одржи денеска во 13 часот во Џамијата во Бутел, а погребот е во 13.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

Post date: 2018-05-11 10:28:43
Post date GMT: 2018-05-11 08:28:43
Post modified date: 2018-05-11 10:28:43
Post modified date GMT: 2018-05-11 08:28:43

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com