fbpx

Почина Абу Анас ал-Либи, еден од главните водачи на Ал Каеда

-

Во болница во Њујорк починал заробениот од страна на американските специјалци во 2013 година во Либија, Абу Анас ал-Либи, кого САД го сметаат за еден од највлијателните челници на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и кој се смета за организатор на терористичките напади врз американските амбасади во Кенија и во Танзанија во 1998 година.

САД повеќе од десет години трагаа по терористот познат како Абу Анас ал-Либи, чие вистинско име е Назих Абд ал-Хамид ар-Рухаи, и притоа распишаа награда од пет милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење. Ал-Либи беше уапсен од припадниците на американските специјални сили во либиската престолнина Триполи, во октомври 2013 година. Истиот месец беше изведен пред судот во Њујорк.

Се верува дека тој бил член на Ал Каеда најмалку од 1994 година и бил близок пријател на основачот и идеологот на терористичката организација, Осама бин Ладен, кој беше ликвидиран од американските маринци во операција на 2 мај 2011 година во пакистанскиот град Аботебад. Се претпоставува и дека Ал-Либи, заедно со Саудиецот Калид ал-Фаваз, е еден од организаторите на нападите врз амбасадите на САД во Кенија и во Танзанија во 1998 година, во коишто загинаа вкупно 12 Американци и 212 Кенијци.

Според американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“, која се повикува на неименувани извори запознаени со судскиот процес, Ал-Либи починал во саботата, во болница во Њујорк, веројатно од заболување на црниот дроб предизвикано од хепатит Ц. Претходно неговиот адвокат Бернард Клејнман изјави дека здравјето на неговиот клиент е влошено последната година. Сепак, новинарите на „Ен-Би-Си“ не успеале да контактираат со адвокатот и да ги дознаат деталите за смртта на Ал-Либи.

Претходно беше објавено дека владата на Либија ги плаќа услугите на адвокатот пред судот во Њујорк во интерес на Ал-Либи. Либиските власти, исто така, го осудија неговото апсење, истакнувајќи дека за специјалната операција што ја извеле припадници на американската војска, не бил известен официјален Триполи, што претставува грубо нарушување на суверенитетот на земјата.

Официјалното обвинение против Ал-Либи обвинителството на округот Њујорк го подигна во негово отсуство, а тој, како и Ал-Фаваз, ги отфрлаше сите обвиненија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...