fbpx

Победата на Макрон го зајакна еврото

-

Центристичкиот кандидат Емануел Макрон и лидерката на ултрадесницата Марин ле Пен освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Франција и се квалификуваа во вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај, покажаа конечните резултати што денеска ги соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Макрон освоил 23,75 отсто, а Ле Пен 21,53 отсто од гласовите, додека зад нив следен се конзервативниот кандидат Франсоа Фијон со 19,91 oтсто од освоените гласови и левичарскиот кандидат Жан Лик Меланшон со 19,64 отсто од гласовите.

Квалификувањето на Макрон и на Ле Пен во вториот круг од претседателските избори го „менува политичкиот пејзаж на Франција“ и „подготвува терен за конечната пресметка во врска со понатамошното членство на земјата во ЕУ.

Еврото денеска зајакна откако Макрон освои најмногу гласови во првиот круг, а се проценува дека ќе однесе победа и во вториот круг.

Инвеститорите насекаде во светот ги следа изборите, стравувајќи дека бранот пипулизам, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и излегувањето на Велика Британија од ЕУ, може да доведе до победа антиевропската кандидатка Ле Пен и со тоа да ја доведе во прашање иднината на ЕУ.

Вредноста на еврото во еден момент на њујоршката берза скокна на 1,09 долар, што е највисока цена од ноември минатата година, додека на берзата во Азија утринава изнесуваше 1,0846 долари.

Еврото зајакна и во однос на јенот, од 117,07 на 119,40.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...