fbpx

Победа за Сакраменто и за Мајами

-

На програмата на американската НБА утринава беа четири натпревари, а покрај победата на Сакраменто на тешкото гостување кај „клиперси“, момент за одбележување е и тоа што Кармело Ентони ја помина границата од 20.000 поени во кариерата.
Фантастичниот Де Маркус Казинс го предводеше Сакраменто до сосема заслужена победа во дуелот со ЛА клиперс, имаше дабл-дабл учинок од 34 поени и од 17 скока, со кои и тоа како придонесе за победата на неговиот тим од 98:92. Покрај него, доста расположен за игра беше и Руди Геј, кој натпреварот го заврши со 25 поени, па токму овие двајца се најзаслужни за првата победа на „кингси“ над „клиперси“ по серијата од четири порази минатата сезона.
За разлика од „клиперси“, Њујорк никс успеа да прокнижи домашна победа против екипата на Шарлот, а ѕвезда на вечерта, дефинитивно, беше Кармело Ентони, кој со своите 28 уфрлени поени стана шестиот најмлад играч што ја поминал границата од 20.000 поени во кариерата. Во крајно изедначениот натпревар, решавачки се покажаа последните две минути, во кои на крајот пресуди серијата од 6:0 на домашните кошаркари, кои стигнаа до победа од 96:93.
На преостанатите два натпревари што се одиграа утрово, вицешампионот Мајами стигна до својата трета победа во низа на дуелот со Торонто (107:102), додека Голден Стејт продолжи со своите добри партии и триумфира на гостувањето кај Портланд.
Најефикасни за екипата од Флорида беа Крис Бош и Двејн Вејд, кои постигнаа по 31, односно 19 поени, а во редовите на Голден Стејт одново се издвои одличниот Клеј Томпсон, кој по неверојатната партија против ЛА лејкерс (41 поен), утрово го „почести“ Портланд со 29 поени, од кои оние на десеттина секунди пред крајот го решија прашањето за победникот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...