fbpx

По тепањето, новинарите ги плукаат во живо и на социјалните мрежи

-

По физичкиот напад врз новинарот и врз камерманот на порталот „А1он“, зачестија виртуелните напади на социјалните мрежи, но и обидите за заплашувања кон истакнати критичари на досегашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Се разгоре битката и нетрпеливоста помеѓу „патриотите“ и „предавниците“.

Сите што не се согласуваат со ставовите и со постапките на ВМРО-ДПМНЕ се етикетираат како „соросоиди“ кои „сакаат да ја разнебитат државата“.

Последниот случај на напад врз новинар и неистомисленик со власта се случи вчера, во скопски ресторан, каде уредникот на порталот „Нова“, Борјан Јовановски, бил плукнат и наречен „предавник“ од младо момче.

Откако Јовановски на „Фејсбук“ ја опиша незгодата што му се случила, со серија коментари, исто така на „Фејсбук“, се јави повиканиот Миленко Неделковски, кој го сподели видеозаписот од инцидентот и им честиташе на тие што го нападнале Јовановски, кого го нарече „гнида“.

Свежи се сеќавањата како ликувавте врз “новинарските” достигнувања на Шамарлитико. Кога шеташе со телефончето. Вознемируваше луѓе.
И сеа шо праиме? Мечката Борјане заигра на твоја врата.

Не знам кои се момциве што патриотски му влепија балгам в лице на Борјан во Воденица денеска, ама од мене имаат частовка по нивен избор.

Posted by Миленко Неделковски on Thursday, March 2, 2017

 

На овој статус, свој коментар остави и дописникот на државната новинска агенција МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, кој напиша: „Какво кашкавалче му залепи дечково на кодошкиов син … таман со салатата“.

Слични вакви ситуации имале и доскорешниот извршен директор на Фондацијата „Отворено општество“, Владимир Милчин, и новинарот и колумнист Бранко Тричковски.

Млади момчиња со качулки на главите го посетиле домот на Бранко Тричковски, кому му рекле „Тричковски како не ти е срам, предавнику!“, но тој не реагирал туку ја затворил вратата.

Слична ваква ситуација пред неколку дена имал и Владимир Милчин. Младо момче седело на клупа пред неговиот дом и го прашало „Зошто не му се придружите на македонскиот народ на протестите“.

„Момчето седеше на клупа пред куќата во која живееме. Немаше капа. Држеше телефон. „Андроид“. Кога Ема и јас излеговме, стана и ми се обрати: „Господине Милчин, зошто не му се придружите на македонскиот народ на протестите?“ Му одговорив дека не одам со тие што тепаат новинари. На тоа тој изговори антологиска реченица: „Моментално не тепаме!“ Тоа беше вчера, малку пред инцидентот кога момче со капа го плукнало Борјан“, напиша Милчин.

Фејсбук-статус со лични навреди и со навредливи коментари за новинарката Катерина Блажевска напиша сопственичката на порталот „Инфомакс“, Наталија Ивчева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...