fbpx

По судот и ОJO, се јавија и судиите: За непристрасна правда, неопходно е непристрасно судство

-

По скопскиот кривичен суд и Основното јавно обвинителство, денеска со соопштение за актуелните случувања во правосудството се јави и Здружението на судиите на Република Македонија. Оттаму велат дека со особено внимание ги следат актуелните состојби во судството, „особено прашањата што се однесуваат на независноста, непристрасноста, евалуацијата и на одговорноста“.

„Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходна за обезбедување непристрасна правда… Судијата ја врши судската функција независно врз основа на неговата проценка на факти и во согласнот со совеснто разбирање на законот, без никакви надворешни влијанија, потикнувања, притисоци, закани или мешање, директно или индиректно од која било страна или од било која причина“, стои во соопштението на Здружението на судиите.

Од Кривичниот суд изјавија дека со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува.

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје, пак, денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...