fbpx

По спојувањето на „Оне“ и на „Вип“, корисниците ќе функционираат според старите договори

-

„Вип“ и „Оне“ ја затворија трансакцијата за спојување на двата правни ентитетa во една компанија „Оне-Вип ДОО Скопје“, кој сега е предмет на регистрација во Централниот регистер на РМ.

Затворањето на трансакцијата се случува откако во јули оваа година, Комисијата за заштита на конкуренцијата на РМ го одобри спојувањето на двата телекомуникациски операторa.

Новоформираниот споен субјект „Оне-Вип“ официјално се очекува да биде регистриран на 1 октомври 2015 година. Од тој датум, новата компанија целосно ги презема сите права и обврски што произлегуваат од досегашното работење на „Вип“ и на „Оне“, вклучувајќи ги и договорите кои корисниците ги имаат, а кои продолжуваат да важат под истите услови под кои се склучени.

Ова значи дека корисниците и понатаму ќе добиваат најдобри услуги, со највисок квалитет и непроменети цени, во согласност со тарифниот модел што го имаат избрано.

Сè до целосната интеграција на сите технички системи, што се очекува да заврши до крајот на 2016 година, новата компанија „Оне-Вип“ ќе продолжи да ги обезбедува услугите за корисниците преку постојните мрежи, тарифни портфолија и продажни места на „Вип“ и на „Оне“.

Договорот за спојувањето на подружниците на „Телеком Австрија групацијата“ и „Телеком Словеније груп“ во Македонија беше објавен на 22 октомври 2014 година. Според тој договор, „Телеком Австрија групацијата“ поседува 55 проценти и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија „Оне-Вип“, додека „Телеком Словеније груп“ поседува 45 проценти од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на „Телеком Словеније груп“ од заедничката компанија во рок од три години од завршувањето на спојувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...