fbpx

По притисоците од меѓународната заедница, Рама и Баша седнаа на заедничка маса

-

По притисоците од меѓународната заедница, Еди Рама и Љуљзим Баша денеска одговорија на повикот на претседателот во заминување, Бујар Нишани, и се сретнаа во претседателскиот кабинет. По тричасовната средба на претседателот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија, Рама, и на претседателот на опозициската Демократска партија, Баша, двете партии не соопштија што е договорено, но во одредени медиуми се појавија информации дека не е постигната согласност.

Последните притисоци за прекин на бојкотот од опозицијата и за наоѓање политичко решение за претстојните парламентарни избори дојдоа од амбасадорите на Германија и на САД во Албанија, како и од претседателот на Европската народна партија, Жозеп Дол.

Германската амбасадорка Сузане Шуц вчера порача дека Германија ќе ги признае изборите дури и ако на нив не учествува Демократската партија.

– Се надеваме на учеството на колку што е можно повеќе партии. Ако Демократската партија и другите опозициски партии не учествуваат, тоа ќе биде тажна одлука. Сепак, ќе ги признаеме изборите – рече Шуц.

Вчера претседателот на Европската народна партија имал долг телефонски разговор со претседателот на Демократската партија и со нејзината пратеничка група.

– Целта на денешниот разговор беше, пред сè, да ја повикаме нашата членка партија од Албанија конструктивно да придонесе за решение кое би довело до учество на Демократската партија на парламентарните избори и да ја задржи смиреност и да се воздржи од какво било насилство – објасни Дол.

По ваквите настапи, претседателот на Албанија ги повика двајцата лидери на дијалог, и Баша, иако претходно кажа дека Демократската партија нема намера да преговара за својот услов да се формира техничка влада што ќе ги спроведе изборите, денеска сепак се согласил на средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...