fbpx

По објавата на СЈО, Канческа-Милевска експресно свика прес-конференција

-

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во 14.30 часот ќе одржи прес-конференција во Музејот на македонската борба.

Поканата за прес-конференцијата до медиумите стигна експресно по завршувањето на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство, кое денеска објави детали за два нови случаи.

Во вториот случај што СЈО го води под кодното име „Тендери“, првоосомничено е раководно лице во Министерството за култура. Лицето се товари дека без завршена постапка за јавни набавки дозволило фирмата „Бетон Штип“ да изврши градежни работи во Музејот на македонската борба. Според доказите, како што посочија од СЈО, договорот за извршување на градежните работи бил потпишан откако работите биле веќе завршени.

Со ова буџетот бил оштетен 54 милиони денари, тврдат од СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...