fbpx

По Курц, и Сијарто во двојна посета на Македонија

-

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, утринава беше во државничка посета на Македонија, на средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, а вечерва ќе биде гостин на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Сијарто, исто како и неговиот австриски колега, Себастијан Курц, кој неделава учествуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа имаше билатерална средба со шефот на македонската дипломатија и носител на кандидатската листа, Никола Попоски, рече дека нема ништо спорно во тоа што за време на посетата е и во партиска и во државна функција.

– Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка – рече Сијарто.

Министерот Попоски, пак, посочи дека главниот успех кој може да се мери за секој политичар, министер, член на влада е токму создавањето пријатели.

– Ние немаме зијан од повеќе пријатели, имаме зијан од недостиг од пријатели кога треба да се носат одлуки. Сијарто и Курц се мои добри пријатели, Митов и Коѕиас ми се пријатели и со сите нив се обидувам да ја отстранам пречката на патот на Македонија во ЕУ. Тоа го гледам како мисија што мора да ја остварам – рече Попоски.

Претходно, двајцата министри за надворешни работи разговарале за унапредување на економската соработка, за отворање директна авионска линија Скопје – Будимпешта во текот на април следната година.

Во однос на бегалската криза која минатата година ја погоди Европската Унија, шефот на унгарската дипломатија рече дека Македонија се нашла во нелогична ситуација, кога ЕУ очекувала од земја која не е членка да ја заштити шенген-зоната од бегалци кои влегуваат во ЕУ. Според Сијарто, односот на Брисел е неприфатлив, имајќи предвид дека ЕУ не е подготвена да почне преговори за членство со Македонија.

Тој порача дека Унгарците ќе инсистираат на почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ што е можно поскоро.

– Знаеме дека има една соседна земја која сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатералните прашања секако треба да се надминат, но не сметам дека тие се соодветен аргумент за да се блокира почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме од сите пријатели да не стават вето за почеток на преговорите на Македонија – рече Сијарто, додавајќи дека Македонија одамна требало да биде членка на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...