fbpx

По кратењето на буџетот на ДИК: Ќе има ли избори годинава?

-

Владата со ребалансот на буџетот за оваа година, за 400 милиони денари го скрати буџетот на Државната изборна комисија, што го отвори прашањето дали оваа година воопшто се планираат избори.

На почетокот на годинава, кога пратениците го усвоија буџетот, за ДИК имаше предвидено повеќе од 531 милион денари, а со ребалансот, за кој пратениците ќе треба да гласаат идната недела во Собранието, оваа сума се намалува за 400 милиони денари и на ДИК ѝ останува буџет од речиси 104 милиони денари.

Ако се погледнат претходни изборни години, оваа година ДИК има речиси најмал буџет.

Во 2013 година, кога се одржаа локални избори, буџетот на ДИК бил повеќе од 196 милиони денари, а толку останал и по ребалансот.

Во 2014 година, кога се одржаа претседателски и предвремени парламентарни избори, буџетот на ДИК изнесувал речиси 303 милиони денари, а со ребалансот се зголемил на речиси 304 милиони денари.

Од опозициската партија СДСМ најавија дека денеска на прес-конференција ќе ги кажат нивните ставови за намалувањето на буџетот на ДИК.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прашањето дали намалувањето на буџетот на ДИК значи дека ќе нема избори оваа година, за одговор нè упатија во Владата, бидејќи таа имала образложение, а ставот на партијата ќе го кажат во текот на денот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...