fbpx

По две децении изграден цевководот во Тетово, но водата сè уште не може да се користи

-

По две децении, конечно е изграден цевководот од новиот водоснабдителен систем во Тетово. Но, сè до изградбата на филтер-станицата, која според Општина Тетово треба да биде завршена до крајот на годинава, водата од новиот водовод тетовци не ќе можат да ја користат.

Попладнево на Шар Планина во месноста Лешница, на симболичен начин беше означено завршувањето на градежните работи на цевководот, каде присуствуваа градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, министерот за животна средина, Башким Амети, и министерот за евроинтеграции, Фестим Алили. Тројцата се потпишаа на цевководот и отворија еден од вентилите каде протече водата, како доказ дека овој проект е конечно завршен.

– Нормално, целиот овој систем ќе треба да се тестира, ќе се видат анализите на водата дали може да се користи, но водата ќе пристигне бргу. Изградбата на филтер-станицата ќе биде завршена на крајот од годинава и конечно овој проект ќе биде завршен по две децении – изјави Арифи.

Според ветувањата на Арифи, новиот цевковод требаше да се изгради пред една година, но како што рече, во меѓувреме, додека траела градбата, било утврдено дека дел од цевководот во должина од 300 метри, граден за време на минатата локална власт, не е стручно изведен. Поради овој пропуст, се задоцнило со завршувањето проектот

Цевководот од новиот водоснабдителен систем е долг 20 километри. За изминатите две години се изградени 8,5 километри од цевководот, за што се потрошени 2 милиони евра, пари кои ги одвои Владата. За филтер-станицата се предвидени повеќе од 2 милиони евра пари, од општинскиот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...